Дома Фудбал Англија Сопственикот на Јунајтед: Повеќе сакам да го пронајдам „новиот Мбапе“, отколку да „купам успех“

Сопственикот на Јунајтед: Повеќе сакам да го пронајдам „новиот Мбапе“, отколку да „купам успех“

Килијан Мбапе на крајот од сезоната останува без договор со Пари Сен Жермен. Медиумите најмногу пишуваат за неговата преселба во Реал Мадрид, тоа веројатно ќе се случи, но официјална потврда се уште нема.

Еден од клубовите кои се поврзуваше со името на Мбапе беше и Манчестер Јунајтед, а прашање на таа тема доби новиот сопственик Сер Џим Ретклиф. Тој истакна дека за него поголем предизвик би бил да пронајде „нов Мбапе“ откаколку да „купи успех“.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


“Мбапе во Манчестер Јунајтед? Повеќе би сакал да го најдам „новиот Мбапе“ отколку да потрошам богатство за купување успех. Не е многу паметно. Многу е поголем предизвик да се најде „новиот Мбапе“, следниот Џуд Белингем или Рој Кин…”, изјави Ретклиф.

Мбапе во францускиот фудбал покрај ПСЖ играше и за Монако, а вкупно за двата клуба на 357 натпревари постигна 277 гола и запиша 122 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…