Дома Фудбал Англија Солскјер: Сакаме да го задржиме Кавани, се уште не донел одлука

Солскјер: Сакаме да го задржиме Кавани, се уште не донел одлука

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунер Солскјер јасно ја изрази желбата Едисон Кавани да остане на „Олд Трафорд“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Веќе подолго време се шпекулира дека на крајот на сезоната Кавани ќе го напушти Јунајтед и кариерата ќе ја продолжи во Бока Јуниорс.

„Имавме неколку разговори во четири очи. Не е тајна дека сакаме да го задржиме во клубот. Тој се уште ги разгледува сите варијанти и јас го разбирам целосно. Едисон знае што сакам јас, а тоа е да остане на Олд Трафорд“, изјави Солскјер.

„Едноставно треба да почекаме малку додека не донесе конечна одлука. Во моментов е јасно дека Кавани се уште нема донесено конечна одлука за својата иднина“, додаде менаџерот на Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Баерн потпиша со германски репрезентативец, ќе плати 55 милиони евра!

Баерн Минхен попладнево потврди уште едно засилување/p> Како ПАМЕТНО да типувате на World …