Дома Трансфер зона Соиграч на Адеми и порашен член на „Ла Масија“ е новата мета на Милан

Соиграч на Адеми и порашен член на „Ла Масија“ е новата мета на Милан

olm

Талентиранито фудбалер се најде на радарот на Милан.

Како што пренесува „Калчо Меркато“ екипата на Милан е заинтересирана за крилниот играч на Динамо, Дани Олм.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Овој 20 годишен Шпанец во Загреб пристигна уште во 2014 година како 16 годишник и тоа од младинскиот погон на Барселона, познатата „Ла Масија“.

Олм прво настапуваше за вториот тим на Динамо, но во последно време е незаменлив член на првите 11, па неколку клубови помеѓу кои и Милан покажаа интерес за неговите услуги.

Неговиот агент Хуан Лопез потврди дека „Росонерите“ ги оствариле првите контакти, но додаде дека фудбалерот не е мета само на италијанскиот клуб.

„Можам да потврдам дека Милан, но и многу други клубови го следат Дани. Неколку клубови од Италија се во игра, како и уште неколку од Англија и Шпанија“, изјави Лопез.

Останува да видиме кој ќе стигне прв до потписот на овој талентиран играч, засега според зборовите на неговиот менаџер во пол-позиција се „росонерите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Абердин ја одредил цената за Миовски

Македонскиот голгетер Бојан Миовски во летниот преоден рок дефинитивно ќе биде интересен з…