Дома Фудбал Останато Снајдер: Се забавував со Џорџ Клуни и Меган Фокс до 6 часот наутро, а потоа асистирав и дадов гол во ЛШ

Снајдер: Се забавував со Џорџ Клуни и Меган Фокс до 6 часот наутро, а потоа асистирав и дадов гол во ЛШ

Весли Снајде ја објави својата автобиографија во која објаснува зошто не направил повеќе во неговата кариера, а во јавноста сега се појавуваат детали од неговиот начин на живот.

Легендата на холандскиот фудбал во последното интервју за „Де Телеграф“ призна дека ќе имал поголема кариера ако имал поинаков стил на живот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Така се потсети на анегдота од 2010 година кога пред еден натпревар во Лигата на шампионите заедно со неговата сопруга се забавувал со Џорџ Клуни и Меган Фокс.

„Се забавувавме со нив и со уште некои актерски ѕвезди, стигнавме дома во шест часот наутро. Истиот ден постигнав гол и асистирав против Вердер во Лигата на шампионите. Кога видов дека можам и така, не се плашев некогаш да го повторам“, изјави Снајдер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…