Дома Фудбал Останато Снајдер жестоко го критикуваше Тадиќ: Неговата игра е срамна

Снајдер жестоко го критикуваше Тадиќ: Неговата игра е срамна

Легендата на холандскиот фудбал Весли Снајдер жестоко го нападна капитенот на Ајакс, Душан Тадиќ после поразот на тимот од Амстердам од АЗ Алкмар (2:1).

Беше тоа прв пораз за Ајакс во холандското првенство, но Снајдер смета дека Тадиќ веќе подолго време е надвор од форма и предложил Србинот да биде ставен на клупата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Неговата форма е срамна. Во овој момент единствен начин да се спаси од оваа ситуација е да биде на клупата. Јасно ми е дека е капитен, но може да биде и надвор од теренот? Така би бил вистински капитен. Не е проблем што некое време не беше на теренот. Ако јас одиграв така ќе дојдев до тренерот и ќе му кажев да ме седне на клупа“, изјави Снајдер.

Сезонава Тадиќ има пет асистенции, но не постигна ниту еден гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Постигнат договор: Лопетеги добива нова шанса во Премиер лигата

Веќе е познато дека Дејвид Мојс ќе ги напушти „Чеканите“ на крајот од оваа сезона, а долго…