Дома Фудбал Останато Снајдер: Да бев повеќе посветен ќе бев како Роналдо и Меси

Снајдер: Да бев повеќе посветен ќе бев како Роналдо и Меси

Поранешниот холандски фудбалер Весли Снајдер е убеден дека можел да направи повеќе во неговата кариера.

Снајдер во својата богата кариера играше за Ајакс, Реал, Интер, Галатасарај, Ница и Ал Гатада, но не секогаш имал професионален пристап. Токму таквиот пристап Холанѓанецот го смета за причина што не е на нивото на Меси и Роналдо.

„Да живеев со фудбалот и да бев 100% посветен на тоа ќе бев на исто ниво како Кристиано Роналдо и Лионел Меси“, убеден е Снајдер.

И вака Снајдер има со што да се пофали. Каде и да одеше освојуваше трофеи, секако најважен трофеј за него е оној во Лигата на шампионите со Интер во 2010 година. Тогаш Снајдјер го играше најдобриот фудбал во кариерата, беше најдобар асистент, играч за врска на годината и избран во најдобриот тим во годината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вакво нешто не сте слушнале досега: Португалец го одби Њукасл поради неверојатна причина

Њукасл разговараше со сите сили да го добие Жоао Палинја, португалскиот играч за врска. Пр…