Дома Фудбал Англија Смолинг започна преговори за нов договор со Јунајтед

Смолинг започна преговори за нов договор со Јунајтед

Манчестер Јунајтед започна преговори за продолжување на соработката со централниот дефанзивец Крис Смолинг, пренесуваат англиските медиуми.

Актуелниот договор на Смолинг истекува на крајот на сезоната, но од клубот имаат право автоматски да го продолжат на додатни 12 месеци.

И покрај тоа раководството на „црвените ѓаволи“ реши да му понуди нов, долгорочен договор на 29-годишниот Англичанец.

Медиумите откриваат дека новиот договор ќе биде за три сезона, а притоа Смолинг ќе добие значително зголемување на платата.

Имено, дефанзивецот во моментов заработува 40.000 фунти неделно, а со новиот договор ќе заработува 120,000 фунти за една седмица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Кол Палмер потпиша нов договор со Челси до 2034 година

Кол Палмер го продолжи договорот со Челси до 2034 година, со цел да освои големи трофеи со…