Дома Топ вести Следните два меча се клучни за Зидан

Следните два меча се клучни за Зидан

Иднината на Зинедин Зидан во Реал Мадрид зависи од резултатите на следните два меча, тврди еминентниот „Екип“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Двата изненадувачки порази од Кадис и Шахтјор ја разнишаа позицијата на Зидан во клубот, а во следните пет дена претстојат два исклучително важни натпревари за „кралевите“.

Исходот од тие два натпревари директно ќе влијае на иднината на Зидан на клупата на Реал Мадрид.

Утре се игра големото „Ел Класико“ и Реал и гостува на Барселона, а во среда „кралевите“ гостуваат во Мехенгладах во рамките на ЛШ. Тој натпревар е исклучително важен бидејќи со пораз Реал ќе биде во незавидна позиција во групата.

Во меѓувреме „АС“ тврди дека Реал разгледува двајца тренери како можни наследници на Зизу. Првиот е Маурисио Покетино, кој е без ангажман, а вториот е легендара Раул Гонзалес, кој е тренер на младинците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Перез: Не сакам односи со Барселона која две децении ги плаќа судиите

Тензиите меѓу Реал Мадрид и Барселона повторно се разгореа по завршувањето на сезоната во …