Она што Лионел Меси го направи на последното лигашко Ел Класико, синоќа го повтори Кристиано Роналдо во првиот натпревар од шпанскиот Супер Куп.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Меси пред три месеци во 92. минута постигна гол за победа на Барселона во Мадрид и ги замолкна 80.000 навивачи на „Сантијаго Бернабе“. Го соблече дресот и својата десетка ја сврти кон домашните навивачи, велејќи им да се поклонат.

Роналдо тоа, се разбира, му го запамети. Синоќа во игра влезе во 60. минута, а 20 минути подоцна постигна фантастичен гол за 2:1 водство на Реал. На целиот стадион му го покажа одличното тело, а потоа и својата седмица на дресот. Само за да докаже дека не го заборавил она што Меси го направи во Мадрид.