Легендарниот Адријан Муту повеќе не е тренер на Нефчи. Романската легенда доби отказ иако неговиот тим во последното коло славеше победа со 2:0 против Капаз.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ако се погледнат резултатите на Муту во клубот отказот и не е некое преголемо изненадување, но изненадувачки е тајмигот кога му бил соопштен. Нефчи одлучил да го извести Муту за раскин на договорот токму во моментите кога тој бил на погребот на својата мајка во татковината.
„Му се заблагодаруваме на Адријан Муту за досегашната соработка и му посакуваме среќа во иднина. Истовремено сакаме да му изразиме сочувство по смртта на неговата мајка“, објавија од Нефчи.