Екипата на РК Вардар имаше лош старт на силниот меѓународен турнир “Хеиде Куп“, каде на првиот дуел се поразени од германскиот второлигаш, екипата на Хамбург. Конечниот резултат на натпреварот гласеше 31:25.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тимот на новиот тренер Роберто Гарсија Парондо играше солидно на стартот на натпреварот, но потоа германскиот второлигаш ја презема играта, па на полувреме замина со предност од 16-15.

Во вториот дел, Хамбург делуваше многу помотивирано и воиграно, па заслужено дојде до убедлива победа.

На овој натпревар во дресот на Вардар дебитираа и новите засилувања за оваа сезона Сташ Скубе, Дмитри Кисељев, Сергеј Горбох и голманот Дејан Милосављев.

    

 

Вардар: Стоилов 2, Поповски 1, Недановски, Криштопанс 1, Мораеш 6, Скубе 1, Чупиќ 5, Дибиров, Горбок 2, Шишкарев 2, Борозан 2, Војводиќ 2, Кисељев 1, Мишевски, Милосављев, Петковски

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Eден од најстарите ракометни клубови во Македонија веќе нема да игра во Суперлигата – се откажа поради пари!

Еден од најстарите и најпрепознатливи македонски ракометни клубови, Пролет, од следната се…