Францускиот фудбалер Н’Голо Канте беше во центарот на вниманието во текот на тренингот на Челзи.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Канте вчера побара ослободување од обврските бидејќи бил загрижен за безбедноста и тоа на крајот тренерот Лампард му го дозволи. Она што привлече големо внимание на првиот тренинг е тоа што не се појави со својот „Мини Купер“.

Скромниот Французин од 2015 година го возеше 20.000 фунти вредниот „Мини Купер“ и беше чудно што не го менува бидејќи е еден од најплатените фудбалери во Англија.
Меѓутоа тој го сменил мислењето и по паузата се појавил со нов „Мерцедес“.
