Дома Фудбал Скок на Македонија од седум места на ФИФА ранг листата

Скок на Македонија од седум места на ФИФА ранг листата

Oдличниот ноемврски циклус на Македонија и донесе скок на ФИФА ранг листата.

Во ноември Македонија забележа победи на Ерменија (0:5) и Исланд (3:1), а овие две победи со кои обезбедивме и бараж за Мундијал ни донесоа скок од седум позиции.

Македонската фудбалска репрезентација во овој момент се наоѓа на 67. место на ФИФА ранкингот. Кога во прашање се можните противници на Македонија најдобро пласиран е актуелниот европски шампион, Италија, а две места зад Италијанците се Португалците.

Потоа следи Шведска на 18. позиција, Велса е едно место поделе, Русија 34, а Шкотска 38. Ждрепката на која Македонија ќе ги дознае противниците е закажана наредниот петок (26. ноември) во 17:00 часот.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чурлинов со лоб го отвори Раков и стигна до четвртиот лигашки гол

Дарко Чурлинов погоди уште во петтата минута на гостувањето кај Раков. Македонскиот напаѓа…