Дома Македонски спорт Склучен меморандум за соработка на ППФСМ и Специјална олимијада на Македонија

Склучен меморандум за соработка на ППФСМ и Специјална олимијада на Македонија

 Пинг понгарската федерација и понатаму продолжува со промоцијата на пинг понгот како спорт, кој припаѓа во групата на олимписки спортови.

Пред почетокот на пандемијата со корона вирусот беше потишан договор за соработка со Федерацијата за училишен спорт, во чии рамки требаше да се реализира проект за тренинг на учениците од повеќе основни училишта ширум државата. Корона пандемијата го оневозможи комплетното реализирање на тој проект. 


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Деновиве претседателот на ППФСМ Горан Тиловски и претседателот на Специјална Олимпијада Љупчо Петровски потпишаа меморандум за соработка кој го обврзува партнерите во овој меморандум да ја исполнат целта преку заедничка соработка да придонесат за вклучување на лицата со интелектуална попреченост во спортот, спортски натпревари , промовирање на здрав начин на живеење, да се подигне јавната свест за лицата со интелектуална попреченост како и едукација на теми поврзани со овие целни групи. 

Меморандумот е потпишан со времетраење од една година со автоматско обновивање на периодот за соработка.ППФСМ за почеток на лицата членови на Специјална олимијада ќе им помогне со помош во вид на донација на спортска опрема и реквизити за пинг понг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Куманово објави видео од случувањата во Арачиново: Луѓе, во Македонија сме или во Колумбија?!

Изминатиот викенд во кој немаше прволигашки фудбал поради репрезентативната пауза на макед…