Италијанскиот клуб Рома ја тресе скандалозно откритие, чија веродостојност допрва треба да се испитува.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Наводно, Даниеле де Роси кој пред неколку дена го одигра последниот меч за „волчицата“ сакал да го види надвор од клубот долгогодишниот пријател и соиграч Франческо Тоти, пренесуваат италијанските медиуми.
Скандалот зеде големи размери откако еминентниот весник „Република“ откри дека Де Роси заедно со влијателните соиграчи, Џеко, Коларов и Манолас ја сакале и „главата“ на Тоти кога од клубот беа избркани тренерот Ди Франческо и директорот Мончи.
Легендарниот Тоти после завршувањето на тренерската кариера седна на директорското столче. Де Роси сметал дека и тој има вина за слабата сезона и треба да биде избркан заедно со Ди Франческо и Мончи.
Претседателот на Рома, Џејмс Палота ја коментираше информацијата на следниот начин: „Тоа се чисти глупости“.
Де Роси пак бил шокиран од таквите тврдења и размислува да го тужи весникот. Меѓутоа, „Република“ како доказ публикуваше еден емаил од лекарот на Рома кој замина заедно со тренерот Ди Франческо.