Дома Фудбал Останато Скандал: Младата ѕвезда на Борусија Дортмунд ги лажирала своите години!?

Скандал: Младата ѕвезда на Борусија Дортмунд ги лажирала своите години!?

Младата ѕвезда на Борусија Дортмунд, Јусуфа Моукоко кој е на мета на европските гиганти немал 18 години туку четири повеќе, се сомневаат германските медиуми.

Моукоко се пресели во Германија во 2014 година, а е роден во Камерун. Минатата недела во текот на припремите на камерунската репрезентација до 17 години откриено е дека дури 21 од 30 пријавени фудбалери немаат право за настап за тој тим затоа што се постари.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Селекторот Жан Пјер Фиала брзо реагираше и го промени составот. Но, проблемите не застанаа тука затоа што и помеѓу новите повикани фудбалери имаше уште 11 кои се престари за тој тим.

Германските медиуми сега тврдат дека пронајден извод со име Јоусофа Мохемдуи кој е 2000. година. Наводно станувало збор за Моукоко.

Информациите биле испратени до германскиот фудбалски сојуз, но од таму одговориле дека не сакаат да коментираат.

Инаку, Моукоко игра одлично за Борусија и го сакаат многу големи клубови. Неговиот договор со Борусија истекува на крајот на актуелната сезона и засега ги одбива понудите за продолжување на соработката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…