Дома Фудбал Германија Скандал: Детето на Борусија Дортмунд всушност не е дете

Скандал: Детето на Борусија Дортмунд всушност не е дете

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Јусуфа Мукоко го привлече вниманието на многу европски гиганти кои ја започнаа битката за неговиот потпис.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


18-годишниот напаѓач веќе има шест гола и четири асистенции во Бундеслигата и доби повик за германската репрезентација за Светското првенство.

Мукоко важи за еден од најголемите таленти во светот, а сега се појави сомнеж во неговата вистинска возраст.

Мукоко официјално има 18 години, но австриски медиум тврди дека напаѓачот е четири години повозрасен.

Медиумот го базира тврдењето на извод од родените кој наводно го добил од Камерунец кој го има посвоено Мукоко, а според тие податоци, Јусуфа е 22-годишно момче.

Неговото име е Јусуфа Мохамадуи, а најверојатно станува збор за Мукоко. Приказната ја пренесува и британски „Дејли Мејл“, кој контактирал со Германскиот фудбалски сојуз, каде потврдиле дека ги следат наодите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Јувентус и Челзи во битка за унгарскиот талент

Јувентус и Челзи покажуваат сериозен интерес кон унгарскиот тинејџер Бендеги Ковач, но нег…