Дома Фудбал Останато Скандал: Германската легенда во репрезентацијата повика фудбалер кој е во затвор

Скандал: Германската легенда во репрезентацијата повика фудбалер кој е во затвор

Селекторот на репрезентацијата на Јужна Кореја, Јирген Клинсман направи скандал во оваа земја со повикот за играчот за врска Џун-Хо Сон.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ништо немаше да биде чудно со неговиот повик ако тој во овие моменти не се наоѓаше во затвор во Кина. 31-годишниот фудбалер е уапсен поради примањ на мито, според информациите добивал пари за да мести натпревари.

Иако се наоѓа во затвор Клинсман верува дека кинеските власти ќе го ослободат Сон во следните десетина дена па затоа го повика за натпреварот со Перу на 16-ти јуни.

„Не знаеме во каква состојба е физички и психички. Секој ден се надеваме дека нешто ќе се промени, но тоа е нешто што не е во наша моќ. Ја има нашата поддршка, Јужнокорејскиот сојуз се труди тој да биде пуштен од затвор. Засега обидите се залудни“, изјави Клинсман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нешто невидено досега во фудбалот му се случи на Нејмар: Судјата сам го замени среде натпревар!

Денес, Нејмар го одигра веројатно својот последен натпревар во дресот на Сантос. Овој слав…