Дома Фудбал Франција Скандал во Франција: Фудбалер позајмувал пари од соиграчи да врати коцкарски долгови, па се вмешал претседателот!

Скандал во Франција: Фудбалер позајмувал пари од соиграчи да врати коцкарски долгови, па се вмешал претседателот!

Данскиот стопер Расмус Николаисен предизвикал скандал во француски Тулуз, пишува „Л’Eкип“.

Имено, според информациите на францускиот медиум, Николаисен позајмил пари од шест соиграчи и членови на стручниот штаб за да врати коцкарски долгови со ветување дека брзо ќе ги врати.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Наводно, тој позајмил вкупно околу 100.000 евра, а кога не ги вратил почнале проблеми во соблекувалните. Некои од фудбалерите го предупредиле претседателот на клубот што се случува, дел се заканиле и дека нема да играат додека парите не им бидат вратени.

Тренерот на крајот донел одлука да го исфрли Николаисен од тимот во минатото коло, иако официјалното објаснување беше дека отсуствувал поради болка во препоните.

Претседателот на Тулуз одлучил да ја реши ситуацијата така што на Николаисен ќе му ја исплати платата порано од предвиденото за да им се раздужи на соиграчите. За Данецот ова не е првпат да има проблеми поради коцкање, во минатото додека играше за Портсмунт тимот го казни затоа што се обложувал 53 пати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…