Дома Фудбал Лига на шампиони Скандал во ЛШ: Потврдено дека позитивниот тест во тимот на Слован бил лажен!

Скандал во ЛШ: Потврдено дека позитивниот тест во тимот на Слован бил лажен!

Слован Братислава беше исфрлен од првото претколо во Лигата на шампионите. Словачкиот шампион требаше да гостува против Клаксвик, шампионот на Фарски Острови.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Меѓутоа, тој меч со одлука на УЕФА беше регистриран со 3:0 за Класвик биејќи Словаците не беа во можност да го играат натпреварот. Според законот на Фарски Острови тие мораа во самоизолација бидејќи еден член на Слован, поточно нивниот физиотерапевет, беше позитивен на коронавирус. Позитивниот тест му бил направен оној по доаѓањето на Фарски Острови.

Сепак сега Слован објави дека дополнителните тестови на крвта кои нивниот физиотерапевт ги направил по враќањето во Словачка покажале дека во неговото тело нема Ковид антитела, тоа значи дека не можел да биде заразен. Очигледно на Фарски Острови ја искористиле ситуацијата со коронавирусот.

„Нашите сомневања за начинот на тестирање на Фарски Острови се покажаа како оправдани. Тесторвите направени во лабораторија покажаа дека нашиот физиотерапевт нема антитела на Ковид. Свесни сме дека ова нема ништо да промени во одлуката на УЕФА, но морамевме да ја објавиме оваа важна информација. Се чувствуваме оштетени. Разочарани сме и тажни што неправедно ја изгубивме шансата да се бориме за Лигата на шампионите“, објави Слован.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Нови предизвици за претседателот на Реал Мадрид? Излезе кандидат кој има амбиции да го замени на престолот

Шпанскиот бизнисмен Енрике Рикелме најави дека планира да се кандидира за претседател на ф…