Дома Фудбал Италија Ситуацијата во Украина го потсети на војната во Југославија – Михајловиќ скоро и да се расплака пред камерите 🎥

Ситуацијата во Украина го потсети на војната во Југославија – Михајловиќ скоро и да се расплака пред камерите 🎥

Пред натпреварот на Болоња за викендот Синиша Михајловиќ со оглед на ситуацијата во Украина доби прашање на таа тема, а тоа спрскиот стратег го потсети на војната во Југославија.

„Овие денови прочитав некаде дека војната ја водат богатите, додека во неа умираат сиромашните. Сигурен сум дека војната не може и не смее да биде начи на решвање на проблемот. Се сеќавам кога станав европски шампион со Црвена Звезда тоа се случи во мојата земја“.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Замислете ситуации во кои не можете да ги слушнете вашите родители со недели, не знаете ниту дали се живи. Се сеќавам како слушав авиони како полетуваат во Авиано, тогаш најдов начин да и се јавам на мајка ми и кратко и кажав – за пет минути ќе те бомбардираат оди во подрумот. Се надевам дека се брзо ќе се заврши и наскоро нема да се зборува за тоа. Сите треба да се залагаме за побрзо завршување“, истакна Михајловиќ со солзи во очите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Почина некогаш најдобриот фудбалер на Германија и апсолутна легенда на Милан

Во ноќта зад нас, почина познатиот германски фудбалер и легенда на Милан Карл-Хајнц Шнелин…