Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Ситуација како на натпреварот Англија – Србија на едно ЕП не се случила 44 години

Ситуација како на натпреварот Англија – Србија на едно ЕП не се случила 44 години

Вчера во Гелзенкирхен се сретнаа екипите на Србија и Англија, а славеше селекцијата на „Гордиот Албион“ со 0:1.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во овој натпревар беше поставен и еден анти-рекорд. Имено двете репрезентации упатија вкупно 11 удари кон двата гола. Србија шутна шест пати кон голот на Пикфорд, додека Англичаните на спротивната страна пет пати се заканија.

Бројката од 11 удари е најмалку на еден натпревар од Европско првенство уште од 1980 година.

Досега анти-рекордот беше 12 удари и по толку видовме на три натпревари: Шведска 1:0 (2016), Велс – Северна Ирска 1:0 (2016) и Чешка – Англија 0:1 (2020).

Ќе потсетиме, голот на одлука во вчерашниот натпревар беше дело на фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингам.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Шок: Капитенот на хит репрезентацијата на Мундијалот обвинет за силување!

Додека Зеленортските Острови ја слават нивната историска шанса за влез во втората фаза на …