Дома Трансфер зона Сити спреми понуда за ѕвездата на Вест Хем

Сити спреми понуда за ѕвездата на Вест Хем

Манчестер Сити е силно заинтересиран за ѕвездата на Вест Хем и бразилски репрезентативец, Лукас Пакета.

Бразилецот одигра одлична сезона и Гвардиола се обиде да го донесе во летниот преодниот рок, но Сити не успеа постигне договор со Вест Хем.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Граѓаните“ не се откажуваат и повторно ќе се обидат да го донесат Пакета ова лето, бидејќи е најголема трансфер желба на Гвардиола.

Англиските медиуми пренесуваат дека Сити е спремен да понуди 80 милиони фунти за Бразилецот, кој и самиот инсистира на трансфер на „Етихад“ бидејќи сака да направи чекор напред во кариерата.

Приоритет на Гвардиола ќе биде засилување на средниот ред, а најголема желба е токму Пакета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го продава Рафиња за да се засили со играч од 50 милиони евра?

Крилниот напаѓач на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс има откупна клаузула од 50.000.000 евра,…