Англиските клубови запишаа победи во првите четвртфинални натпревари од Лигата на шампиони.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Манчестер Сити со минумална победа ќе патува на гостувањето кај Атлетико Мадрид. „Граѓаните“ во текот на целиот меч беа подобар противник и создаваа шанси.
Атлетико Мадрид добро се бранеше и се обидуваше да се закани преку контранапади.
Сити ја материјализираше добрата игра во 70-та минута, кога Де Брујне погоди за водство од 1:0, што се покажа како конечен резултат.
#UCL
— ꜰᴀꜱᴛ ɢᴏᴀʟꜱ ⓶ (@iF27s) April 5, 2022
Man City 1-0 Atletico Madrid | GOAL! De Bruyne.
to never miss any goal follow @iF26s pic.twitter.com/jJFH3rw9Od
Ливерпул ја оправда фаворитската улога на гостувањето кај Бенфика и запиша победа од 1:3.
Конате во 16-та минута беше највисок во скокот после еден корнер и погоди за водство од 1:0. Петнаесет минути подоцна Мане погоди за 2:0. На стартот на вториот дел Њунес намали на 1:3, а Луис Дијаз го постави конечниот резултат.