Најбогат европски клуб е Манчестер Јунајтед чија вредност минатата година за прв пат ја премина сумата од 3 милијарди евра, објави денес еминентната ревизорска компанија „KPMG“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Црвените ѓаволи“ кои минатата недела под водство на Жозе Мурињо го освоија трофејот во Лига Европа се финансиски и економски најсилен клуб во Европа, а позади себе ги оставија гигантите Реал Мадрид и Барселона.
Истражувањата кои ги направи „KPMG“ ги опфати ТВ правата, профитабилност, популарноста на социјалните мрежи, спортскиот потенцијал и сопственоста на стадионот.
Со истражувањето беа опфатени 32 клуба, а англиските клубови доминираат во првите десет места. Манчестер Јунајтед моментално има 26 глобални спонзорски договори, меѓу кои се Адидас, Шевролет…како и десет регионални спонзорски договори и 28 други медиски и финансиски партнери.
Моментално 10 клубови имаат вредност од една милијарда евра или два повеќе отколку во 2016 година. Па така премиерлигашот Тотенхем и италијанскиот шампион Јувентус за прв пат се приклучија во оваа елита, а од Топ 10 испадна Пари Сент Жермен.
И покрај доминацијата на клубовите од Премиер лигата, Шпанија единствена има два клуба чија вредност преминува две милијарди евра, а тоа се секако Реал Мадрид и Барселона.
10-те најбогати европски клубови:
1 Манчестер Јунајтед
2. Реал Мадрид
3. Барселона
4. Баерн Минхен
5. Манчестер Сити
6. Арсенал
7. Челзи
8. Ливерпул
9. Јувентус
10. Тотенхем