Минатото лето неколку клубови од Премиер лигата се „тепаа“ за потписот на Муса Сисоко, особено после одличните настапи за Франција на Европското првенство.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сисоко на крајот заврши во Тотенхем за трансфер вреден 30 милиони фунти, но Французниот за брзо време го разочара тренерот Покетино и заврши на клупата за резерви.
Французинот добива многу мала минутажа оваа сезона и готово сигурно ќе ја промени средината следното лето, а инетерс за него покажува италијанскиот гигант Милан.
Италијанските медиуми тврдат дека Милан внимателно ја следи ситуацијата околу Сисоко и е спремен да го донесе на „Сан Сиро“ следната сезона.