Тимот на МЗТ Скопје успеа во своите редови да го доведе синот на легендата на македонската кошаркар, Петар Наумоски.
Талентираниот Михаил потпиша договор на две ипол години со тимот на МЗТ. Михаил има 17 години и во новиот клуб доаѓа од Црвена Звезда, претходно го носеше дресот на Вардар и Галатасарај.
Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓
„Едвај чекам да се завршат сите формалности за да може што побрзо да го облечам дресот на МЗТ Скопје. Ќе направам се за да ја оправдам дадената шанса“, изјави Михаил кој оваа сезона ќе ја заврши во тимот на МЗТ Скопје Уни Банка (вториот тим), а потоа би требало да биде прекомандуван во првиот тим.