Дома Фудбал Англија Синот на Вејн Руни ја уништува конкуренцијата во Јунајтед

Синот на Вејн Руни ја уништува конкуренцијата во Јунајтед

Вејн Руни долги години во дресот на Манчестер Јунајтед прикажуваше навистина одлични настапи.

Руни дресот на „црвените ѓаволи“ го носеше од 2004 до 2017 година и во тој период постигна 253 гола на 559 натпревари и освои се што можеше да се освои со овој тим.


Финале ЛШ: Реал Мадрид 15-та, или Дортмунд втора!? ↓↓↓


Неговите 253 гола се рекорд во клубот. Го надмина дури и Боби Чарлтон (249 голови), а можеби во иднина неговиот рекорд ќе го „брка“ неговиот син Каи.

Овој 11 годишник доминира во младинските селекции, а пред неколку дена скоро сам ја обезбеди победата на својот тим од 6:3.

Во овој натпревар Каи постигна три гола и асистираше за преостанатите три и така уште еднаш покажа дкеа во него има потенцијал да се развие во фантастичен фудбалер. Малиот Каи член на академијата на Јунајтед стана во декември минатата година.

Останува времето да покаже дали Вејн Руни ќе добие наследник на зелените терени во блиска иднина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Компани откри како ќе изглеа Баерн: Едноставно е, храбро и агресивно

Баерн Минхен потврди дека Винсент Компани е нов тренер и дека ставил потпис на договор со …