Дома Фудбал Симеоне со предупредување: Коста нема загарантирано место во првиот тим

Симеоне со предупредување: Коста нема загарантирано место во првиот тим

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне го поздрави враќањето на Диего Коста во неговиот тим, но и истакна дека Брзилецот со шпански пасош го чека тешка задача.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Коста за Атлетико не ќе може да настапува до јануари, до тогаш тој само ќе тренира и ќе се обиде повторно да се наметне кај Диего Симеоне.

Секако, Симеоне е добро запознаен со неговите квалитети, но и додаде дека Коста ќе мора да се помачи да избори место во првиот тим и дека нема да му помогне „старата слава“.

„Од сите фудбалери кои можеа да го подигнат нивото на квалитетот на нашата игра, Диего Коста беше најдобар избор. Меѓутоа неговото место во стартниот тим не е загарантирано. И тој како и Витоло ќе мора добро да се намачи за место во првите 11. Доволно е само да погледнете со каков тим располагаме и ќе сфатите зошто е тоа така“, изјави Симеоне.

Диего Коста во својот прв „мандат“ за Атлетико одигра 134 натпревари и постигна 64 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нешто невидено досега во фудбалот му се случи на Нејмар: Судјата сам го замени среде натпревар!

Денес, Нејмар го одигра веројатно својот последен натпревар во дресот на Сантос. Овој слав…