Луис Суарез ќе си замине од Атлетико Мадрид на крајот на актуелната сезона.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Она што се најавуваше подолго време во медиумите го потврди стратегот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне. Договорот на голгетерот му истекува на крајот на месец јуни и нема да му биде продолжен.




„Разговарав со Луис во ноември. Имавме еден долг, тежок и искрен разговор. Двајцата ги разгледавме сите опции и ја анализиравме ситуацијата. Од тој момент до денес ниту еден од нас не го прекрши тоа што го ветивме. Затоа сум благодарен на Суарез“, изјави Симеоне.




Од своето пристигнување во Атлетико Мадрид Суарез даде голем придонес за освоената титула во Ла Лига, а сезонава Уругваецот повторн ое водечки стрелец на мадриѓаните со 11 голови, но и често останува на клупата.