Џовани Ло Селсо беше на мета на Атлетико Мадрид уште во 2019 година кога блесна во Бетис.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Уште тогаш се пишуваше дека „јорганџиите“ можат да испратат понуда за аргентинскиот играч за врска. На крајот Тотенхем понуди 30 милиони евра и го убеди тимот од Андалузија да го пушти играчот кој покрај Атлетико беше мета и на други европски клубови.
Меѓутоа, сега Ло Селсо нема некоја важна улога под водство на Мурињо.
Ло Селсо одигра 19 натпревари оваа сезона и во нив постигна пет голови и подели една асистенции. Има само 24 години и го губи трпението, а враќање во шпанскиот фудбал за него би можело да биде добро.
Сепак, тоа е шампионат каде што го играше најдобрито фудбал. Во сезоната 2018/2019 за Бетис одигра 45 натпревари, подели шест асистенции и постигна 15 голови.
Две години подоцна, Атлетико повторно размислува за него, останува да видиме како ќе се одвиваат работите.