Дома Македонски спорт Мак фудбал Силекс ја прегази Брера, Струга сигурна, Гостивар подобар од Шкупи

Силекс ја прегази Брера, Струга сигурна, Гостивар подобар од Шкупи

Силекс убедливо ја совлада Брера со 4-0, Работнички одигра 1-1 на гостувањето кај Шкендија, Гостивар со 2-0 триумфираше над Шкупи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шкендија и Работнички во Тетово одиграа 1-1. На 0:0 Мазари не реализиера пенал, потоа Аломеровиќ си даде смешен автогол, но сепак Мазари стрешаше за 1:1.

Серијата на Силекс беше отворена уште во седмата минута кога Додев постигна гол, а потоа следуваше хет-трик на Марко Ѓорѓиевски.

Шампионот Струга Трим Лум ја совлада Беса со 1-0. Втор минимален триумф за тимот на Ќатип Османи, но и шест бода по две кола како единствена екипа во Првата лига.

Гостивар славеше против Шкупи со 2-0, а двоен стрелец беше турскиот интернационалец Алпер Потук.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …