Два дена откако стана тренер на Барселона и на два дена до првиот натпревар на клупата на Барселона, Кике Сетиен ги изнесе своите нови играчи на вечера.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Дружењето требало да биде тајно, но новинарите дознаа па по излегувањето од ресторанот ѕвездите на Барселона беа пречекани од рефлектори и микрофони. Фудбалерите не беа расположени да даваат изјави, па само побрзаа во авоите автомобили.
На вечерата присуствувале сите играчи освен Луис Суарез и Осман Дембеле кои се опоравуваат од повредите.