Дома Фудбал Серхио Роберто позитивен на коронавирус

Серхио Роберто позитивен на коронавирус

Фудбалерот на Барселона, Серхио Роберто е позитивен на коронавирус, објави каталонскиот клуб.

Играчот се наоѓа во самоизолација и не покажува симптоми на болеста, а сите кои биле во контакт со него во последните денови исто така мораат да одат во самоизолација.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Среќа во несреќа за Барселона е е што Серхио Роберто не е на тренинзите од 21. Неомври кога се повреди во натпреварот против Атлетико Мадрид.

Роберто заработи повреда на мускулот на десната нога и мора да мирува осум дена, односно нема да биде на теренот се до Нова Година.

Барселона вечерва игра натпревар од Лигата на шампионите против Френцварош и може да го обезбеди првото место во групата. До сега Каталонците немаа многу проблеми со коронавирусот, заразени беа само Пјаниќ, Умтити и Тодибо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сити не го дава Де Брујне, му спреми нов договор

Ѕвездата на Манчестер Сити, Кевин де Брујне, влезе во последната година од договорот, па с…