Дома Фудбал Останато Серхио Рико повеќе не е на интезивна нега

Серхио Рико повеќе не е на интезивна нега

Шпанскиот голман, Серхио Рико (29) кој доживеа тешка несреќа при јавање коњ, денес е пуштен од одделот на интезивна нега во болницата во Севиља.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Рико повеќе не е на интезивна нега, но ќе остане во болница за да се следи неговата состојба.

Минатата недела семејството на Рико објави дека е свесен и дека комуницра. Шпанецот кон крајот на мај падна од коњ во Андалузија и заработи тешки повреди.

Во тешка состојба беше пренесен во болница и веднаш беше ставен на апарати за одржување во живот, а докторите за среќа успеаа да се изборат за неговиот живот. Рико во ПСЖ пристигна во 2019-та година од Севиља.

Како резерва на Донарума голот на клубот од Париз го чуваше на 14 натпревари, а една сезона помина на позајмица во Мајорка. Во текот на кариерата бранеше и во Фулам.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Жестока пресметка пред УФЦ 328: Чимаев го удри Стрикленд, дури и полицијата мораше да интервенира (Видео)

Жешко е пред новиот УФЦ настан, инаку 328. во ред, каде главната борба ќе биде меѓу Камзат…