Дома Фудбал Останато Голманот на ПСЖ после три месеци ја напушти болницата🎥

Голманот на ПСЖ после три месеци ја напушти болницата🎥

Голманот на Пари Сен Жермен, Серхио Рико, три месеци по страшната несреќа кога падна од коњ и за малку ќе го загубеше животот, беше отпуштен од клиниката во Севилја на домашно лекување.

Рико на 28 мај имаше пад од коњ, при што се здоби со сериозни повреди на главата. Во прво време лекарите се бореа за неговиот живот, но со тек на време неговата состојба стануваше се подобра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рико е видно ослабен после 82 дена поминати во болница, но даде прва изјава за медиумите веднаш по излегувањето од болница.

„Велат дека мозокот е доволно интелигентен и брише лоши случки како онаа низ која јас минав. Ова беше како сон за мене. Се разбудив во болница и благодарение на Бог излегов од неа.Имам многу емоции во себе, среќен сум што останав жив и навистина сум благодарен. Најголема благодарност до мојата сопруга, до моето семејство, до сите кои беа ос мене. Мојата сопруга минуваше по 20 часа на ден со мене, без неа немаше да успеам во ова“, изјави Рико.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роналдо најплатен спортист, заработува двојно повеќе од Меси

Магазинот „Форбс“ ја објави листата на најплатени спортисти на која доминира Кристиано Рон…