Дома Фудбал Серхио Рамос постигна неверојатен рекорд

Серхио Рамос постигна неверојатен рекорд

Актуелниот капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос постигна гол во 15 различна сезона во Примера и го изедначи постигнувањето на Фернандо Јеро.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Капитенот на европскиот шампион постигна гол од пенал во победата над Жирона како гостин со 4:1 синоќа.

Легендата Фернандо Јеро го носеше дресот на мадридскиот клуб меѓу 1989 и 2003 година. Серхио Рамос премина во Реал Мадрид во 2005 година, а веќе има 56 погодоци во дресот на „кралевите“.

Првиот гол на Рамос за Реал е во есента 2005 година во дуел против Реал Сосиедад.

Фернандо Јеро и Серхио Рамос се единствените двајца дефанзивци во шпанскиот фудбал, кои реализирале голови во 15 различни сезони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нова ера на „Енфилд“: Ливерпул подготви 120 милиони евра за првото засилување

Андони Ираола го презема кормилото на поранешниот шампион Ливерпул, а раководството на тим…