Дома Фудбал Репрезентации Серхио Рамос на Инстаграм објасни поради што во репрезентацијата го носи дресот со број 15

Серхио Рамос на Инстаграм објасни поради што во репрезентацијата го носи дресот со број 15

Искусниот дефанзивец Серхио Рамос стана фудбалерот со најмногу настапи во репрезентацијата на Шпанија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Рамос во саботата во натпреварот против Норвешка го запиша својот 168. настап во дресот на Шпанија и така стана играчот со најмногу настапи во историјата на Црвената фурија.

Тој на оваа листа го помина легендарниот Икер Касиљас и е многу блиску да стане играчот со најмногу настапи во дресот на една репрезентација во светот.

Овој јубилеј Рамос го обележа на емотивен начин. Тој објави фотографија на Инстаграм и објасни поради што го носи дресот со број 15.

Бројот 15 порано во селекцијата на Шпанија го носеше Антонио Пуерта, кој трагично загина во 2007. година. Пуерта и Рамос беа соиграчи во Севиља, а после смртта на Пуерта, Рамос одлучи да го превземе неговиот број во репрезентацијата, кој го носи веќе долги години.

„Пред 13 години и една недела играше за репрезентацијата во Шведска. Требаше да одиграш уште многу натпревари, но знаеш дека секогаш ќе бидеш дел од овој тим. Мојот број 15 е за тебе бидејќи ти го носеше тој број и остана на сите во срцата.“ – порача Рамос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Лукаку го одигра последниот натпревар за Наполи

Напаѓачот на Наполи Ромелу Лукаку нема да учествува во последните два натпревари на тимот …