Церемонијата на ФИФА на која се бираше најдобар фудбалер на светот беше одрќана синоќа во Лондон.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Наградата за најдобар фудбалер на светот ја доби Лука Модриќ, кој имаше најмногу гласови од селекторите и капитените на репрезентациите. Модриќ во оваа конкуренција беше подобар од Роналдо и Салах.
Голема прашина се дигна поради одлуката на Роналдо и Меси да ја бојкотираат церемонијата во Лондон. И двајцата добија огромни критики, а посебно Роналдо којбеше во конкуренција за наградата. Од друга страна веќе од поодамна се знае дека Меси заврши на петото место.
Од критиките за најдобрите светски играчи беше дел и капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, кој порача дека оваа церемонија заслуќува тие да бидат таму. Исто така порача дека е среќен што Модриќ ја освои оваа награда.
„Сметам дека Роналдо и Меси се најдобри фудбалери на светот. Ваква церемонија каде се бира најдобар играч на светот заслужува да бидат најдобрите фудбалери. Сакав Лео и Крис да дојдат, но ете тие одлучија спротивно. Што се однесува за Лука, мило ми е што ја доби оваа награда после неверојатната сезона.“ – изјави Рамос.