Дома Фудбал Италија Серија А го суспендираше Сари на два натпревари

Серија А го суспендираше Сари на два натпревари

Тренерот на Лацио, Маурицио Сари ќе ги пропушти наредните два натпревари на својот тим во Серија А поради црвениот картон кој го доби против Милан.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Лацио во неделата беше поразен со 2:0 од Милан на „Сан Сиро“, а Сари учествуваше во еден инцидент на самиот крај на натпреварот.

На крајот од мечот имаше што да му каже на главниот судија кој му додели директен црвцен картон поради коментарите, а потоа имаше вербален дуел и со Златан Ибрахимовиќ.

Сега е објавено дека Сари ќе ги пропушти наредните два натпревари во Серија А во кои Лацио ќе игра со Каљари и Торин. На клупата ќе се врати на 26. септември во градското дерби против Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Херојот Возиња добил две неочекувани понуди за продолжување на кариерата!

Фудбалот често нè изненадува со своите неверојатни приказни, а еден таков пример е Возиња,…