Американската тенисерка Серена Вилијамс го откажа настапот на овогодинешниот турнир на Австралија Опен.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Серена нема играно официјални натпревари од претходниот Австралија Опен, а иако оваа година требаше да ја брани титулата сепак нема да биде потполно спремна.
„Можам да се натпреварувам, но не сакам да бидам само учесник, сакам многу повеќе од тоа, затоа ми е потребно малку повеќе време.“- изјави Серена.
Да потсетиме, помладата сестра Вилијамс се породи во месец септември, а по Нова година се врати на теренот на турнирот во Абу Даби.
Австралија Опен го освои седум пати и со сигурност ќе беше прв фаворит и оваа година доколку беше потполно спремна. Па така, организаторите после Енди Мари останаа без уште едно големо име.