Дома Македонски спорт Серафимов: Нема што да изгубиме, зошто да не ја изненадиме Шпанија

Серафимов: Нема што да изгубиме, зошто да не ја изненадиме Шпанија

На 3-ти септември Македонија во Скопје ќе игра против Шпанија во рамките од квалификациите за Европското првенство.

Првиот натпревар македонската репрезентација го играше на гости и таму Шпанија беше подобра со 3:0. Лош ден тогаш имаше Никола Серафримов кој си постигна автогол.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Против Шпанија одигравме добро прво полувреме, од договореното спроведовме 70-80%, но пресуди нивниот квалитет, станува збор за играчи кои настапуваат во Топ-5 лигите во Европа. Немаме што да загубиме на оваа средба, ќе влеземе максимално подготвени и ангажирани, ќе ги бараме нашите шанси. Селекторот и стручниот штаб ги имаат подготвени нивните карактеристики, да видиме со кого ќе се соочиме бидејќи име промени во нивниот состав. Се надевам дека овие три-четири дена добро ќе се подготвиме, ќе ги увидиме нивните слабости, бидејќи секој тим има слаби страни. Мала предност е тоа што ќе играме на домашен терен против Шпанците. Очекуваме поволен резултат, зошто да не ја изненадиме Шпанија, и ние имаме квалитетен состав и стручен штаб. Како што кажав ќе ги бараме нашите шанси“, изјави Серафримов во пресрет на натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Каменуван автобусот на „Чкембари“ – има и повредени! 🎥

По денешниот натпревар помеѓу Пелистер и МЗТ Скопје дошло до инцидент во кој бил каменуван…