Дома Македонски спорт Мак ракомет Серафимов и Ѓоргиев се првите две засилувања за РК Алкалоид

Серафимов и Ѓоргиев се првите две засилувања за РК Алкалоид

Пред неколку недели македонскиот ракомет го доби РК Алкалоид, а сега клубот ги презентираше и првите засилувања.

Нови членови на РК Алкалоид се Мартин Серафимов и Игор Ѓоргиев. Двајцата бекови се 21 годишни, Серафимов е нешто поискусен.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Со склучувањето на првите два договора со едни од најперспективните млади ракометни надежи и репрезентативци, РК „Алкалоид“ го започна процесот на регрутација. Мартин Серафимов (21 година), кој игра на позицијата десен бек, и Игор Ѓоргиев (21 година), кој игра на позициите централен и лев бек, својата кариера ќе ја продолжат во новоформираниот ракометен клуб, РК „Алкалоид“.

Новиот македонски ракометен клуб, РК „Алкалоид“, е формиран со цел младите таленти кои имаат потенцијал и желба за игра правилно да се насочат и да се развиваат, во насока на градење врвни ракометни играчи со позитивни животни вредности. Дефиниран систем на функционирање, правилна работа, како и интегритет и кредибилитет во работењето се основните начела за кои се залага овој клуб.

Со организација на стручната работа РК „Алкалоид“ ќе се стреми да им овозможи на играчите квалитетен и напреден тренажен процес, со цел нивно натамошно развивање и градење како врвни ракометари, кои ќе ги вложуваат своето знаење, искуството и позитивните вредности во македонскиот ракомет“, стои во клупското соопштение.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Гоце Георгиевски останува во Вардар!

Десното крило на Варар Гоце Георгиевски ќе остане во таборот на црвено-црните уште една се…