Дома Фудбал Сензација меѓу стативите: Тој е најдобар голман во Европа, а за него сигурно не сте слушнале!

Сензација меѓу стативите: Тој е најдобар голман во Европа, а за него сигурно не сте слушнале!

Сигурно не сте знаеле, но најдобар голман оваа сезона во 5-те најсилни европски лиги е Ник Поп од Барнли.

Англичанецот ненадејно доби шанса бидејќи првиот голман Том Хатон се повреди против Кристал Палас, па во четири натпревари запре 17 од 18 удари кои беа упатени кон неговиот гол. Тој има неверојатна статистика од 94.4%

Позади него е голманот на Нант, Киприан Татарушану со 21 одбрана од 23 или 91.3 %, а потоа следува голманот на Борусија Дортмунд, Бурки со 18 одбрани од 20 шута или точно 90%.

Во Топ 5 се уште и чуварот на мрежата на Јунајтед, Давид де Геа (88.2%) и голманот на Хановер Филип Тшаунер (86.2%).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пресвртот не беше доволен: Залевски ѝ спаси бод на Аталанта во Фиренца

Фиорентина го сврте резултатот во второто полувреме, но Залевски и Де Кетеларе со по еден …