Дома Трансфер зона Сензационална најава од Рим: Конте на местото на Мурињо?!

Сензационална најава од Рим: Конте на местото на Мурињо?!

Според дел од медиумите во Италија, Жозе Мурињо и покрај успехот со Рома во последните две сезони сега се наоѓа пред отказ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


За Рома не започна најдобро сезоната во Серија А, но и за Мурињо ваквиот почеток со кој Рома е 13. на табелата е негов најлош во кариерата. Веќе во италијанската јавност се шпекулира за неговиот можен наследник.

Интересно е што се споменува името на Антонио Конте. Ако дојде до реализација на ваквите најави, тоа ќе биде третпат Конте да го наследи Мурињо во некој клуб.

Конте е докажано и проверено име во Италија, освојуваше титули со Јувентус и Интер, беше селектор, па така сигурно има предуслови да ја преземе Рома. Првпат Конте го наследи Мурињо во Челзи, а потоа во Тотенхем.

Останува сега да се види дали и Рома ќе повлече потег како премиерлигашот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…