Бројот седум во Реал Мадрид претставуваше голем симбол, „седмицата“ низ историјата на „кралевите“ ја носеа великани како Бутрагењо, Раул, Кристијано Роналдо…Но потоа таа беше на грбот на Маријано Диаз и Еден Азар кои не се прославија во Мадрид.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Заминувањето на Азар од Реал отвори можност овој број да има нов сопственик. Така од идната сезона таа ќе биде на грбот на Бразилецот Винисиус, кој е еден од најдобрите играчи во тимот.
Бразилецот под водство на Анчелоти стана и еден од најдобрите во светот, сезонава имаше учинок од 23 гола и 21 асистенција на 55 натпревари.
Од Реал си заминува и Марко Асенсио кој го ослободи дресот со број 11, па тој сега ќе го носи Родриго.