Шкупи утре ќе игра натпревар против Санта Клара на Арената „Тодор Проески“, а тренерот Гоце Седлоски најави претпазлива игра.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Сакаме да одиграме еден добар натпревар со кој ќе ги израдуваме нашите навивачи со нов успех. Го анализиравме противникот, играат брзо и агресивно, но и ние имаме свои адути. Ќе играме фајтерски, меѓутоа ќе бидеме и претпазливи. Во Санта Клара има одлични индивидуалци, мислам дека резултатот ќе зависи од нашата игра“.
„Знаеме дека треба да бидеме подобри од претходните натпревари на европска сцена и знаеме да одиграме офанзивно, така ќе играме и утре“, изјави Седлоски.