Македонскиот првак Шкупи, утре на арената Тодор Проески во реванш дуелот од квалификациите во Лига Европа го пречекува ирскиот претставник Шамрок Роверс.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Шкупи има негатива од 3:1 од првиот меч, но тренерот Гоце Седлоски верува дека негативата може да се надополни за пласман во следната фаза.




„Имам верба во играчите. Кога играме вакви натпревари сигурно треба да бидеме 100% фокусирани. Жал ми е како примивме голови на првиот натпревар, но сега ќе почнеме од почеток. Играме против еден доста квалитетен противник. Гледате сами дека ирските екипи одат во следната фаза. Утре ние ќе се обидеме, со помош на навивачите кои ги повикувам да ни дадат поддршка, да направиме резултат кој не носи понатаму”, изјави Седлоски.
Фото: ФК Шкупи