Дома Македонски спорт Мак фудбал Седлоски: Бешикташ е голем тим со многу квалитени играчи, благодарност за гостопримството

Седлоски: Бешикташ е голем тим со многу квалитени играчи, благодарност за гостопримството

Попладнево Шкупи одигра пријателски натпревар против турскиот гигант Бешикташ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бешикташ ја оправда фаворитската улога и славеше со 3:0. Тренерот Гоце Седлоски после натпреварот се заблагодари на Бешикташ за гостпримството.

„Ова беше добар натпревар против голем тим каков што е Бешикташ. Благодараност до претседателот кој ни овозможи еден ваков натпревар на прекрасен стадион. Нормално, во вакви натпревари сите добија шанса. Бешикташ заслужено победи, тие се тим со многу квалитени играчи. Сакам да им се заблагодарам за гостпримството во текот на нашиот престој во Истанбул“, изјави Седлоски за клупскиот сајт.

Фото: ФК Шкупи

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …