Дома Трансфер зона Сега се е јасно: Барселона донела одлука за Луис Суарез

Сега се е јасно: Барселона донела одлука за Луис Суарез

Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез вчера не беше во конкуренција за пријателскиот натпревар помеѓу Барселона и Гимнастик.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Роналд Куман со тој потег уште еднаш даде до знаење дека нема да смета на Суарез, а тој може да си бара нов клуб. Суарез и Барса веќе неколку недели преговараат бидејќи Уругваецот сака раскин на договорот.

Суарез најмногу се поврзува со трансфер во Јувентус, но не сака некој за него да плаќа обештетување туку бара раскин на договорот и како слободен играч да го напушти Камп Ноу.

Мундо Депортиво синоќа објави дека челниците на Барселона конечно донеле одлука да ја решат ситуацијата со Суарез.

Наводно, Барселона се согласила на раскин на договорот со Суарез, па Уругваецот без обештетување може да го напушти клубот. Дали ќе ја продолжи кариерата во Јувентус или некој друг клуб ќе дознаеме наскоро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Мурињо ги отвори картите: Бенфика е Бенфика, но Реал Мадрид не се одбива!

Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, призна дека постои можност да се врати во Реал Мадрид, н…